Студио

Вила АНА

Вила ANNA („А“ кат.) – оддалеченост од плажа – 50 метри. Сите студиа и апартмани располагаат со кујна, ТВЦ, ТВ, тераса, WI-FI (бесплатно) и клима (доплата 7 € на ден). Објектот се наоѓа на левата страна од главната улица во Лаганас (гледано кон морето) и во склопот на истиот се наоѓа и БАЗЕН кој Ви е на располагање од 08 – 22 часот секој ден.

Вила МАРИЈА

Вилата се наоѓа во мирен дел на Лименариа, помеѓу главната улица и плажата. Од плажа е оддалечена околу 100м а од центарот околу 10 тина минути. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија. . Студио 02 и 03 се наоѓаат на приземје и први спрат, поседуваат два или три стандардни кревети, кујна (фрижидер, решо со две рингли , прибор и садови според бројот на гостите), купатило,ТВ, тераса и клима уред со доплата.

Вила ИРИНИ

Оваа преубава вила располага со просторни студија и апартмани кои се наоѓаат до хотелот Потос кој ги дели базен. На базен капењето е бесплатно за гостите, може да се користи и чадори и лежалки, доколку се конзумира некој пијалок. Сите апартмани и студија поседуваат тераси и гарнитура за седење според бројот на гостите и гледаат спрема пешачката улица.

Вила Алекос

Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни студија и еден петокреветен апартман.
Сите соби имаат клима (доплата на лице место), кујна и тераса. Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа.

ВИЛА ХРИСТОС

ВИЛА ХРИСТОС се наоѓа на 50 метри од плажа. Распoлага со трокреветни студија и петокреветни / шестокреветни апартмани и дуплекс апартмани сите лоцирани на втори кат. Секое студио/апартман има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi. Сместувањето е Б категорија. Опис: Студио – една просторија со кујна, брачен и единечен кревет. Апартман – две простории од кои во едната има кујна и брачен кревет и втората просторија во која има брачен и единечен кревет.

ВИЛА АЛЕКС

Вила Алекс се наоѓа на само 50 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на Ксамил. Располага со трокреветни соби на приземје и на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.

Климата е вклучена во цената***

ВИЛА ВУКМАНОВИЌ

Вила Вукмановиќ - Будва

Вила Вукмановиќ се наоѓа на 350 метри од Словенската плажа, односно 150 метри од поштата во Будва. Вилата располага  со 1 / 2  и  1 / 4 студија, еднособен апартман 1 / 4 + 1 и со двособен апартман 1 / 6. Секоја соба има сопствен тоалет, Тв, комплетно опремена кујна и клима.

-20% попуст за целосна уплата до 01.02.2020

-15% попуст за целосна уплата до 01.03.2020

-10% попуст за целосна уплата до 01.04.2020