Вила МАРИЈА

Тасос, Грчки острови, Грција

[field_smestuvanje_tip_kat]

Вилата се наоѓа во мирен дел на Лименариа, помеѓу главната улица и плажата. Од плажа е оддалечена околу 100м а од центарот околу 10 тина минути. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија. . Студио 02 и 03 се наоѓаат на приземје и први спрат, поседуваат два или три стандардни кревети, кујна (фрижидер, решо со две рингли , прибор и садови според бројот на гостите), купатило,ТВ, тераса и клима уред со доплата.

ОПИС

Едно од најубавите грчки острови Тасос, препознатлив по преубавите природни пејсажи, сликовити морски заливи и голем број на песочни плажи. Секако тоа се едни од причините зошто Тасос е омилено летувалиште за нашите гости. Ретко када како на Тасос ќе бидете послужени со штотуку уловена риба, свежи салати и голем број грчки специјалитети. Овој сликовит остров се препорачува за фамилијарен одмор или за оние кои сакаат да побегнат од градската врева.

Цени

Услови

  • Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 10.00 часот.
  • Студијата и апартманите се чистаат еднаш на три дена а постелнина се менува на половина смена.
  • Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните.
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.
  • За овој аранжман важат oпштите услови за патување на Т.А. НИКИ ТРАВЕЛ

Галерија