Ники Травел е основан во 2019 година во Скопје основачите се професионалци со долгогодишно искуство и професионален кодекс.
Агенцијата се занимава со комплетна организација на индивидуални и групни аранжмани во земјата и странство, продажба на авиобилети и превоз на патници.
Нашата позиција на пазарот ја обезбедивме определувајќи се за квалитет, сигурност и отворен пристап со патниците со помош на кои ги креираме своите понуди.
Како сигурен партнер кон своите соработници во странство, гарантираме адекватен третман за вистински одмор на своите клиенти.
Денес во својата широка понуда Ники Травел ги нуди најубавите дестинации за одмор: Халкидики, Тасос, Скијатос, Санторини, Крит, Турција, Шпанија, Италија како и егзотични аранжмани: Тајланд, Занзибар и Танзанија, Дубаи, Куба и уште многу други дестинации кој ги задоволуваат и најсофистицираните барања на светските патници.
Туристичката агенција Ники Травел како членка на многу системи на резервации Ви ги нуди следните услуги:
- Хотелски резервации за индивидуални и групни патувања;
- Туристички аранжмани, годишни одмори, свадбени патувања...
- Организирање семинари, симпозиуми, научни конференции, посета на саеми...
- Сите видови патнички осигурувања;
- Сите видови трансфери;
- Rent a car услуги.
- Посредување за туристички визи;
- Обезбедуваме 24-часовен сервис за корпоративни клиенти.
- Сите други услуги од туристичката индустрија.
Вршиме брза, ефикасна и професионална резервација на летови од сите авионски компани и Ви даваме информации и совети за сè што е поврзано со летовите:
- Информираме за најдобриот начин на патување.
- Промовираме најповолни понуди.
- Нудиме специјални понуди со попусти.
- Вршиме резервации за групи.
Соработката со светски брендови ѝ овозможува на агенцијата Ники Травел да се одржува постојано на високо ниво, а квалитетот на понуденото да се мери со светски стандарди од бројот на задоволни патници.
