Вила АНА

Закинтос, Грчки острови, Грција

[field_smestuvanje_tip_kat]

Вила ANNA („А“ кат.) – оддалеченост од плажа – 50 метри. Сите студиа и апартмани располагаат со кујна, ТВЦ, ТВ, тераса, WI-FI (бесплатно) и клима (доплата 7 € на ден). Објектот се наоѓа на левата страна од главната улица во Лаганас (гледано кон морето) и во склопот на истиот се наоѓа и БАЗЕН кој Ви е на располагање од 08 – 22 часот секој ден.

ОПИС

Шести по ред во низата на острови, познати како “ЈОНСКИТЕ БРАЌА“, Закинтос е уште познат под Италијанското име “Il Fiore Di Levante” (Цветот на истокот), дадено од Венецијанците кои овде биле присутни неколку стотици години и оставиле неизбришлив траг во историјата, традицијата и карактерот врз жителите на овој преубав остров…Со своите природни убавини, прекрасни плажи, места за забава, Закинтос е секоја година вбројуван во 10-те топ дестинации за летување на Медитеранот. ЛАГАНАС е местото кое го одбравме за Вас, оддалечено 9 км. од Занте – главниот град на островот, изобилува со многу маркети, сувенирници, ресторани, кафетерии, диско-клубови, ноќни барови и секако – долга песочна плажа, која се протега долж местото.

Цени

Услови

  Цените се дадени во ЕУР по соба (пакет аранжан – бус+брод+сместување), плаќање во денарска противвредност (1 ЕУР = 61,8 ден.)

 НАПОМЕНА : Термините се дадени заклучно со денот на СМЕСТУВАЊЕ во собите, поаѓањето е ден претходно !

  Во студио дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител

  ПОПУСТ за СОПСТВЕН ПРЕВОЗ – 40 € по лице

 

Доплати: 

  • Доплата за трансфер од Штип до Велес – 10 € по лице
  • Деца од 2-11.99 год на дополнително легло – БЕСПЛАТНО (плаќаат само превоз од 50 €)
  • Доплата за користење на клима 5€ дневно во самата вила.
  • Патничко и здравствено осигурување

 

Време на поаѓање превоз од Скопје за Закинтос:

18:30 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
19:30 h Велес (бензинска пумпа МАК ОИЛ, мотел Македонија) трансфер до Битола
18:30h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – доплата 10 Евра по лице
19:45 h Сирково (бензинска пумпа Црна Река)
20:45 h Прилеп (бензинска пумпа, Luk Oil)
21:30 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
20:00 h Струга (Хотел Дрим-паркинг) – Трансфер до Битола – доплата 5 по лице

20:00 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – доплата 5 Евра по лице

20:15 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – доплата 5 Евра по лице

21:00 h Ресен (автобуска станица) Трансфер до Битола – доплата 5 Евра по лице

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:

  •  За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо цените)
  •  Попустите не може да се комбинираат
  •  Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  •  Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  •  Важат Општите услови на СКТМ

Галерија