Сејшелите преставува архипелаг од 115 гранитни и корални острови со легендарна убавина на западната обала на Африканскиот континент во западниот Индиски океан, на 1500 километри оддалеченост од копното на Африка, или поточно североисточно од Мадагаскар.

Распоред

Овој прекрасен рај Ви нуди преубави плажи, туркизно плаво море и пријатно топло време. Поради тоа не е ни чудно што Сејшелите многумина го сметаат за најубав архипелаг во светот. Неколку стотици плажи се протегаат на островите Мае, Прале и Ла Диг кои се едни од најубавите во светот. Сејшелските острови уживаат во тропска клима во текот на целата година и воглавно нема екстремни временски промени. Во овој пријатен тропски рај, температурите ретко се симнуваат под 24 степени ниту се искачуваат над 32 степени.

Одморот во Сејшелите несомнено ќе Ви биде еден од најубавите бидејки со својата природна убавина, безбедност и мир на своите гости им нуди разноврсни можности за уживање во широката понуда за откривање на островите и тропските авантури, едрење, нуркање, риболов, како и романтични прошетки. Сите овие основни состојки во оваа држава се комбинираат со риба од Индискиот окејан и најразлични тропски зеленчуци и овошја.

Доколку одлучите да патувате на Сејшелите, ќе имате прилика да имате незаборавен одмор уживајки во земјата со “вечно сонце” кадешто хармонијата преставува начин на живот.

1 ден

Полетување од Скопје во 12:45 часот, пристигнување во Доха 18:40 часот.

2 ден

Полетување од Доха во 2:00 часот пристигнување во Сејшели во 08:35 часот.

3 ден до 10 ден

Престој во избраниот хотел на база ноќевање со појадок , слободно време за индивидуални активности и одмор.

11 ден

Полетување од Сејшели за Доха во 18:35 часот, слетување во 23:15 часот.

12 ден

Полетување од Доха за Скопје во 06:55, пристигнување Скопје во 11:15 часот.

Цени

Услови

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје -Доха- Сејшели
- Авионски превоз на релација Сејшели-Доха-Скопје
- Аеродромски такси
- Сместување во одбраниот хотел на база на 7 BB (ноќевање со појадок)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

***Трансфери од аеродром до соодветниот хотел
Патничко осигурување
Индивидуални трошоци

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)

 

НАПОМЕНИ:

- Цената е дадена по лице за миниум 2 лица
- Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста по хотелите.
- Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите.